Бугарското Народно собрание денеска ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на програмата ќе биде расправата за гласање недоверба на Владата на Кирил Петков.
Засега владејачката партија нема доволно гласови за да го одбие гласањето, но при гласањето во салата може да се промени распоредот на силите. ГЕРБ, која е подносителот на барањето, има 67 пратеници. Против владата се и помалите парти како ДПС, Има таков народ и Преродба со вкупно 125 гласа.
Доколку расправата продолжи до доцна, гласањето би можело да се одложи за четврток. За предлогот за недоверба да помине потребни се гласовите од 121 пратеник.
Денеска пред зградата на бугарското народно собрание се закажани повеќе протести.
