Вести Македонија Најважни

Словенија денеска со свој предлог за забрзување на проширувањето кон Западен Балкан

Словенечката влада поднесува предлог да се забрза процесот на проширување на ЕУ на Западен Балкан во контекст на кандидатскиот статус за Украина и Молдавија.

Ова утрово го потврди новата министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Таа изјави дека Словенија го поддржува кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, но дека не смее да се заборави Западниот Балкан во тој процес, за да остане политиката на проширување на ЕУ кредибилна.

Во документот што им го поднесе Љубљана на другите 26 земји членки се бара отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, визна либерализација за Косово и кандидатски статус за Босна и Херцеговина.

Фајон предупреди дека процесот на проширување е доведен под прашање и дека ги поддржува сите напори за Северна Македонија, Албанија, Косово и Бих.

Поддршка за Северна Македонија и Албанија се очекува да дадат повеќе министри за надворешни на ЕУ денеска, меѓу кои Австрија, Германија и повеќе источноевропски земји.

Што се однесува до кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина ситуација е почувствителна. Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, минатата недела изјави дека БиХ треба да ги исполни зацртаните 14 приоритети договорени со ЕУ и дека доделувањето статус на кандидат без тоа би било рамно на “попуст„.

Косово од своја страна останува непризнаено од пет земји членки на ЕУ, што ги отежнува преговорите за визна либерализација. Косово е единствената земја во регионот чии граѓани сѐ уште мораат да патуваат со визи во ЕУ и Шенген.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетни сведоци: Видовме полицајци во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе