Вести Македонија Најважни

Промена на Уставот и македонските Бугари да не бидат малцинство – нов услов од Софија

Нов услов во низата денеска испорача бугарскиот претседател Радев. При промената на македонскиот Устав за која тврди дека веќе е договорена, македонските Бугари да се впишат како конститутивен народ рамноправен со сите останите во државата а не како малцинство.

„Иаме напредок. Уставот, промената на Уставот на Република Северна Македонија на која настојуваме одамна, веќе се подготвува да се случи. Тука никогаш не говоревме за малцинство. Не за малцинство – рамноправност на македонските Бугари заедно со другите народи бидејќи тоа го заслужуваат а го бараат и европскиот пат и Копенхашките критериуми“, рече Радев

А за аспирациите на Бугарија кон Македонија, конкретно преку менување на Устаовт на нашата држава, веќе отворено се зборува во тамошната јавност.

„Според мое толкување, Бугарите се третираат како малцинство, што за нас е неприфатливо. Ако влеземе како малцинство, тоа значи крај на бугарските аспирации кон Македонија“, изјави историчарот Христо Мантов.

Во однос на статусот на македонскиот јазик, за кој македонската јавност е запознаена со  бугарските ирационални тврдења, во преговарачката рамка се наведува дека при преводот на европското законодавство на македонски, ЕУ ќе ги зема предвид ставот на Бугарија и Македонија за јазикот преку унилатерални декларации со кои ќе ги нагласат своите ставови за ова прашање.

Димитар Гочев, пратеник од редовите на „Продолжуваме со промени“ на премиерот Петков, дециден дека ставот на официјална Софија е јасен, македонскиот јазик е кодифициран дијалект на бугарскиот.

„Можам да кажам дека бугарската позиција е јасна, ние го сметаме македонскиот јазик… да го наречеме како дијалект на бугарскиот јазик, на некој начин кодифициран дијалект на бугарскиот јазик. Тука не можам да замислам дека ќе има било какви отстапки од бугарската позиција. Но, не знам што пишува во документот и не можам да кажам дали тоа што го рече г-динот Трифонов е вистина, или не. Ако воопшто започне преговарачкиот процес, на секоја една точка Бугарија има право на вето и во секој момент Бугарија може да го блокира членството на Македонија во ЕУ“, рече Димитар Говев, пратеник од партијата „Продолжуваме со промени“

Бугарскиот претседател Радев денеска побара Владата а не народното Собрание да се изјасни за предлогот на Франција кој го оцени како најдобар и најправичлен досега и децидно повтори дека Бугарија во јуни нема да го дигне ветото за старт на преговорите.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетни сведоци: Видовме полицајци во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе