Вести Македонија Најважни

Бугарското МНР ја испрати драфт верзијата на протоколот за спроведување на Договорот до бугарското Собрание

Драфт верзијата на протоколот за спроведување на билатералниот Договор за пријателство со Бугарија денеска е доставена до Комисијата за надворешни работи во бугарското Собрание која ќе треба да се прозинесе по него, а потоа и да се најде пред пратениците на гласање.

Што содржи оваа драфт верзија засега не е познато, а нема информации ниту дали, и за кога е закажана собраниската седница на Комисијата.

Според информациите на Телевизија Телма нацрт верзијата не е испратена до македонското МНР.

Она што е клучно е што протоколот за спроведување на Договорот за пријателство, според францускиот предлог влегува во преговарачката рамка, нешто на што инсистираше Бугарија а Македонија го бараше спротивното.

Замката е во процедурата, бидејќи протоколот за спроведување на договорот ќе го надгледува Европската Комисија, а Бугарија како членка на Унијата и во секој момент ќе може да даде негативно мислење и преку Комисијата да го блокира.

Во однос на статусот на македонскиот јазик, за кој македонската јавност е запознаена со  бугарските ирационални забелешки, во преговарачката рамка се наведува дека при преводот на европското законодавство на македонски, ЕУ ќе ги зема предвид ставот на Бугарија и Македонија за јазикот преку унилатерални декларации со кои ќе ги нагласат своите ставови за ова прашање.

Димитар Гочев, пратеник од редовите на „Продолжуваме со промени“ на премиерот Петков, дециден дека ставот на официјална Софија е јасен, македонскиот јазик е кодифициран дијалект на бугарскиот.

Можам да кажам дека бугарската позиција е јасна, ние го сметаме македонскиот јазик… да го наречеме како дијалект на бугарскиот јазик, на некој начин кодифициран дијалект на бугарскиот јазик. Тука не можам да замислам дека ќе има било какви отстапки од бугарската позиција. Но, не знам што пишува во документот и не можам да кажам дали тоа што го рече г-динот Трифонов е вистина, или не. Ако воопшто започне преговарачкиот процес, на секоја една точка Бугарија има право на вето и во секој момент Бугарија може да го блокира членството на Македонија во ЕУ, рече Гочев.

Од Владата засега молк околу францускиот предлог. Премиерот Ковачевски и шефот на дипломатијата Османи во неколку наврати кажаа дека ќе го соопштат ставот откако државите членки на ЕУ ќе го соопштат својот став, односно ако евентуално биде усвоен со консензус, а во меѓувреме се анализираат сите точки кои ги содржи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетни сведоци: Видовме полицајци во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе