Вести Македонија Најважни

Опозицијата бара на есен, власта не дозволува избори до 2024- та година

Исто место, часови подоцна, но различен став. Барањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори ден потоа отфрлено и запечатено со декларација на владејачката коалиција. Ја потпишаа 26 партиски претставници по еден час зад затворени врати на „Илинденска б.б“. Граѓаните нема да гласаат оваа и наредната година, а владата ќе влезе во економски битки за мир и стабилност е пораката која во име на партнерите ја соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Средбата на власта следи по бучните закани на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски дека ако нема предвремни парламентарни избори ќе следи целосна блокада и зачестени протести.

Финансиска, економска но дали следи политичка криза, Ковачевски прашан рече дека блокадите во собранието се неразумни, и штетни. Траат со години, а дека системот ќе продолжи да функционира во одговорот на премиерот му помогна неговата десна рака, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Опозицијата бара, власта не одбива но лидерска средба сеуште не е најавена. Според Мицкоски средба со Ковачевски е возможна само ако се зборува за Македонија и избори во спротивно опозицијата се закани дека од институциите се сели на улиците. Владејачкиот состав возвраќа со нов пакет антикризни мерки, системски реформи и борба против корупцијата, а на Мицкоски му порачаа да остане конструктивен и да помага.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетни сведоци: Видовме полицајци во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе