Вести Македонија Најважни

Радев: Петков треба да ги отфрли сите сомнежи дека може да отстапи од ветото за Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев, коментирајќи пред новинарите во Софија, рече дека Владата на Кирил Петков треба да ги отфрли сите сомнежи дека може да се повлече од ветото за Република Северна Македонија.

Тој потсети дека следната недела премиерот Кирил Петков ќе замине во Брисел каде мора да ги брани националните интереси.

Народното собрание и Бугарите, според Радев, мора однапред и јасно да знаат каков став ќе заземе бугарскиот премиер во Брисел и тоа според него не може да отстапи од рамката на Советодавниот совет за национална безбедност од почетокот на годинава.

Според Радев, секоја измама или обиди за замена и заобиколување на националната позиција ќе има тешки последици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе