Вести Најважни Свет

Комисијата официјално препорача доделување кандидатски статус на Украина

Европската комисија му препорача денеска на Советот на Европа да ѝ додели кандидатски статус на Украина. Препораката, која беше очекувана и најавена, дојде еден ден откако лидерите на трите највлијателни земји во унијата, во посета на Киев изразија поддршка за европските аспирации на земјата. Западните медиуми веднаш оценија дека членството во унијата која беше создадена за да го оддржува мирот во Европа носи длабока симболика за земјата која речиси четири месеци се бори за својот опстанок.

„Сите знаеме дека Украинците се подготвени да загинат за европската перспектива. Ние сакаме заедно со нас да го живеат европскиот сон“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Но, иако ниту една земја до сега гласно не изразила противење на европскиот пат на Украина, многу од нив имаат забелешки за скратениот пат по кој земјата добива кандидатски статус, и импликациите кои ваквата одлука ќе ги има за останатите земји кандидати, кои за истиот статус работеа со години. Сепак, комисијата тврди дека за Украина, ќе важат истите правила како и за останатите аспиранти.

„Имаме една јасна порака. Да, Украина заслужува европсак перспектива. Да, Украина заслужува да биде прифатена како земја кандидат. Ова доаѓа по препознавањето на до сега добро завршената работа, но исто така сѐ уште ни претстои важна работа. Целиот процес е заснован на заслуги, значи ќе се оди според прописите и напредокот ќе зависи исклучиво од Украина“, рече фон дер Лајен.

Русија веднаш ја обвини ЕУ дека е подготвена да ги погази сопствените принципи за сметка на нејзините геополитички интереси.

„Не знам на Украина дали ќе ѝ биде даден патоказ за да се подготви за членство. Ова може да значи само едно, дека ЕУ е подготвена повторно да ги затвори очите пред сите свои критериуми кои отсекогаш важеле за кандидатите, и е подготвена да биде водена исклучиво од геополитички интереси“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Покрај Украина, препорака за кандидатски статус доби и Молдавија, а двете препораки ќе бидат разгледани од Советот на ЕУ за време на самитот идната недела. Грузија, која се надеваше дека заедно со Украина и Молдавија ќе го фати европскиот воз, придвижуван од рускиот притисок, доби само потврдување за европската перспектива, а прашањето за кандидатскиот статус ќе биде дополнително разгледано во иднина.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе