Вести Македонија Најважни

Реџепи засега останува поддржувач на мнозинството

Пратеникот Скендер Реџепи останува поддржувач на парламентарното мнозинство „се` додека владата се залага да го почне реализирањето на програмскиот договор со Алтернатива“.

„Јас ќе бидам тука, со убедување дека има и време и капацитет да се реализира истата“, вели во одговор за Телма, пратеникот кој е од приватни причини надвор од државата. За одлуката, да делува независно во Собранието, а со тоа и да ја напушти партијата чиј основач е, вели дека, не била лесна, но била неминовна.

Од партијата не се изненадени од потегот на Реџепи, кој веќе некое време не се ни појавувал на партиските состаноци и не учествувал во работата на партиските органи.Но, бараат да го врати мандатот иако и тие не очекуваат дека тој ќе го смени политичкиот курс.

Со напуштањето на Реџепи, пратеничката група на Алтернатива  останува со тројца пратеници. Имаат и тројца министри, заменици министри, како и десетици директорски позиции.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе