Вести Македонија Најважни

Новото мнозинство му изгласа недоверба на спикерот на бугарскиот парламент

Сите кои денеска гласаа против Никола Минчев покажаа дека не се грижат за оваа држава, и дека не ги интересира сопствената идеологија.

Тие се маркетинг компании кои ги лажат своите гласачи.

Ова го изјави премиерот Кирил Петков откако 125 пратеници гласаа „за“ предвремено разрешување на Никола Минчев од собраниското претседателство.

Новото тесно мнозинство оди во корист на опозицијата која уште минатата недела најави дека ќе го поддржи предлогот на партијата Слави Трифонов, „Има таков народ“ за разрешувње на Минчев а поддржано со потписи на 120 пратеници од партиите „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“. Токму ваквата инцијатива и обединување во парламентот Петков ја оцени како лицемерна кон бугарскиот електорат, веднаш по гласањето.

Во овој парламент има ново мнозинство. Се гушкаа – значи целосна непринципиелност, овие луѓе немаат морал, рече Петков, откако дојде оставката на Минчев, благодарение на „Има такви“, ГЕРБ, МРФ и „Преродба“.

„Сите што гласаа против господинот Минчев јасно ставија до знаење дека не им е грижа за оваа држава, тоа се маркетиншки фирми што лажат. Не можете пред избори да зборувате против ГЕРБ, и да зборувате за етничко обединување а да ги поддржите „Има таков народ“. Ние не се плашиме од избори, бидејќи луѓето што гледаат во моментов можат да имаат јасна претстава за тоа што се случува“, рече Петков.

Од собраниската говорница Петков му се заблагодари на Минчев и порача дека промените чекор по чекор и Бугарија ќе биде поинаква.

Против гласаа 113, воздржан 1, и тоа самиот Минчев.

Им се заблагодари на колегите и рече дека останува пратеник, а новоформираното мнозинство ќе успее да избере нов спикер.

„Сите знаеме дека вистинската причина поради која барам оставка е иста како и гласањето за недоверба. На пленарната седница има ново мнозинство. Не само што нема да донесе промени, туку ќе го задржи овој модел, а во таков парламент можеби е подобро да не бидам претседател, затоа што испадна дека тие што требаше да „збришат“ сега сакаат мене да ме „збришат“, рече пред колегите пратеници, Минчев

Меѓу причините кои партијата на Слави Трифонов ги наведе во предлогот  се прекршување на Уставот и деловникот на Собранието, како и попречување на нормалната законодавна активност и спроведување на ефективна собраниска контрола.

Прашан од новинарите за можни промени на Бугарија за ветото кон Македонија, Минчев ,пак, одговори дека не бил планиран никаков трик во собранието и дека таквите обвинувања од опозицијата се само изговор. Претходно Слави Трифонов ја напушти и колицијата во владата заради економската криза но и спорот со Македонија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе