Кинеската војска денеска соопшти дека изминатите денови извршила воена вежба во воден и воздушен простор во близина на Тајван, пренесе Ројтерс.
Кинеските војници постојано ја подобруваат обуката и подготвеноста за војна и се подготвени да спречат секој обид за прогласување независност на Тајван, се вели во соопштението на кинеската војска.
Тајван во понеделникот објави дека најголемите кинески воздушни сили влегле во зоната за воздушна одбрана на Тајван од јануари.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
