Новиот австралиски премиер Ентони Албанес денеска назначи рекорден број жени во владата, јавува Ројтерс.
Новиот кабинет додели места и за претставниците на верските малцинства и домородните заедници во Австралија.
Вкупно 10 од 23 членови на новата влада ќе бидат жени.
Министрите за индустрија и за млади се претставници на муслиманската заедница во Австралија, а Линда Берни стана првата домородна жена во Австралија на чело на Одделот за домородни прашања.
Ентони Албанес формираше техничка влада по изборите на 21 мај за да биде премиер на состанокот на четворицата (Квадрилатералниот безбедносен дијалог – кој ги вклучува Австралија, Индија, САД и Јапонија) во Токио, објави Ројтерс.
Албанес денеска официјално ја презеде функцијата во Владата, јавува Ројтерс.
