Вести Свет Топ вести

Турција бара конкретни мерки од Шведска и Финска за влез во НАТО

Главниот советник за надворешна политика на турскиот претседател Ибрахим Калин и американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан вчера разговараа за кандидатурите за НАТО и за војната во Украина.

Калин истакна оти Турција сака „конкретни мерки“, кога станува збор за постоењето на „терористичките организации“ во Финска и во Шведска, пред да се разгледаат нивните кандидатури за влез во Алијансата, се наведува во соопштението на турското претседателство.

Во телефонскиот разговор, Калин додаде и дека земјите што сакаат да се приклучат на НАТО, мораат да „ги усогласат вредностите и принципите на Алијансата за безбедноста и борбата против тероризмот“ всушност „Шведска и Финска да преземат конкретни мерки за терористичките организации што ја загрозуваат националната сигурност на Турција“.

Белата куќа соопшти дека Саливан „изразил поддршка за продолжување на директни разговори на Турција со Шведска и со Финска, со цел да се реши загриженоста околу нивните барања за членство во НАТО, што САД цврсто поддржува“.

Турција се спротивстави на членството на Финска и Шведска во НАТО со образложение дека пружаат засолниште на припадници на Курдска работничка партија (ПКК) и други групи, кои Анкара ги оценува како терористички.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) „Спајдермен“ му помогна на немоќно лице да премине улица

Sasko Dimovski

Трамп: Иран е значително ослабен, но и натаму е сериозен противник

Sasko Dimovski

Голем шумски пожар во Франција – eвакуирани над 20.000 луѓе

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе