Канадскиот премиер Џастин Трудо најави план за донесување нов закон за спроведување на „национално замрзнување“ на поседувањето оружје и забрана за луѓето да купуваат и продаваат оружје насекаде во земјата.
„На денот кога овој закон ќе стапи на сила, повеќе нема да може да се купува, продава, пренесува или увезува оружје во Канада“, изјави Трудо за новинарите.
Доколку биде усвоена, забраната се очекува да стапи на сила наесен. Канадскиот министер за јавна безбедност поднесе регулаторни измени до парламентот за да се обезбеди брза имплементација, се вели во соопштението на Министерството.
Минатонеделното убиство на 19 деца и двајца учители во основно училиште во Тексас во Соединетите Држави ја зголеми загриженоста за оруженото насилство ширум светот. Канада веќе има значително посилни ограничувања за поседување оружје од нејзиниот јужен сосед.
Новиот предлог-закон, исто така, предлага одземање на дозволите за огнено оружје за оние кои се вклучени во акти на семејно насилство или криминално вознемирување, како што е следењето.
Владата ќе бара и рамката за долгите пушки да бидат трајно модифицирани за никогаш да не можат да содржат повеќе од пет куршуми и ќе забрани продажба и пренос на патрони со голем капацитет.
„Покрај употребата на огнено оружје за спортско гаѓање и лов, нема причина никому во Канада да му треба пиштол во секојдневниот живот“, рече Трудо.
