Вести Свет

Макрон предложи резолуција во ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Брисел изјави дека на неговиот руски колега Владимир Путин му предложил резолуцијата на ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса за да се дозволи извоз на украинските житарици.

  • Во разговорот што го имавме со германскиот канцелар Олаф Шолц минатата сабота, му предложив на претседателот Путин да преземеме иницијатива за резолуција на ОН за да се направи јасна рамка за операцијата на извоз на жито, рече Макрон од Европски самит во Брисел.

Русија воведе блокада на украинските пристаништа во Црното Море, особено на пристаништето Одеса, додека украинските власти сакаат да извезат околу 20 милиони тони жито складирано во силосите на земјата.

Макрон додаде дека на Киев му се потребни „легитимни безбедносни гаранции“ и додаде дека ОН може да го обезбедат тоа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе