Вести Економија Македонија

Драстичен скок на цената на горивата од утре

Од утре се очекува поскапување на горивата до 10 денари. Ова го покажуваат пресметките  на  познавачите.  Причината за ваквиот скок е тоа што од утре,  повеќе нама да има намалено ДДВ за течни горива. Нема да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од  светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.

Владата  на денешната седница не ги продожи  заштитните мерки од ценовни шокови.

Експертите претходно предупредија  дека ако не се преземе нешто  откако ќе престане  нивната важност, цените нагло ќе пораснат, а тоа ќе се  одрази врз стандардот на граѓаните, инфлацијата ќе се зголеми,  но од друга страна ќе се полни буџетот.

Од опоцизијата претходно предложија, со законски измени ДДВ за течни горива до крајот на  годинава да  биде 5 отсто.

Како превенција од  раст на  цените на горивата,   на почетокот  на март Владата одлучи  ДДВ за течни горива да го намали од 18 на 10 отсто , надолна корекција имаше и кај акцизата.

Инаку , сериозни скокови кај цените на горивата беа евидентирани  на почеткот на годинава како последица од  разгорувањето на  руско украинскито конфликт.  Според прогнозите ниту годинава не се очекув некоја стабилизација.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Онколошките пациенти без терапија – министерот не информиран

Дејан Дејан

Нова фаза за Сојузот на економисти на Македонија: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе