Најмалку 31 лице загинаа во Нигерија во стампедо пред црква за време на дистрибуција на храна, соопшти полицијата.
Тоа се случи на југот на Нигерија, во градот Порт Харкорт, каде црква организираше дистрибуција на храна на спортски терен.
Локалните медиуми претходно објавија дека луѓето се собрале на хуманитарен настан наречен „Купи бесплатно“ одржан во Поло клубот во Порт Харкорт.
Многумина од петокот чекаат на влезот. Загинатите и повредените, наводно, биле пренесени во блиската градска воена болница.
Во изминатите години, во Нигерија имаше неколку смртни случаи при дистрибуција на храна. Во 2021 година, во таква прилика, до смрт беа прегазени седум жени.
