Вести Свет

Масовни протести во Иран по инцидентот со уривањето на зградата

Иранската полиција употреби солзавец и предупредувачки истрели за да ги растера демонстрантите во југозападниот град Абадан, каде се урна зграда, при што загинаа 28 лица, објавија денеска локалните медиуми. Голем дел од 10-катната зграда во изградба во Абадан, провинцијата Хузестан, се урна во понеделникот во една од најсмртоносните несреќи во Иран во изминатите години.

Тоа беше трета ноќ на протести во Абадан и други градови во провинцијата што граничи со Ирак, објавија локалните медиуми. Безбедносните сили во Абадан синоќа „употребија солзавец и пукаа во воздух во близина на местото на несреќата“ за да ги растераат стотиците демонстранти кои тагуваа поради загинатите и бараа сторителите да бидат изведени пред лицетот на правдата. Голем број луѓе извикуваа „смрт на неспособните службеници“ и „неспособните службненици треба да бидат егзекутирани“, слично на повиците од протестите во средата и четвртокот.

Луѓето, исто така, излегоа на улиците во пооддалечените градови како Исфахан, Јазд и Шахин Шахр во централниот дел на Иран за да им изразат сочувство на жртвите од трагедијата

Во четвртокот вечерта, продавница во Абадан на семејството на сопственикот на зградата „беше запалена и уништена од непознати лица“.

Министерот за внатрешни работи Ахмад Вахиди, кој се наоѓа во Абадан, изјави денеска дека „уште две тела се пронајдени“ и испратени на идентификација, со што бројот на загинати достигна 28, според државната новинска агенција ИРНА. Сепак, властите не соопштија колку луѓе се уште се блокирани под урнатините.

Зголемен е и бројот на осомничени. Судските власти соопштија дека 13 лица веќе се уапсени поради инцидентот, меѓу кои и градоначалникот и двајца поранешни градоначалници, објави ИРНА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе