Вести Свет

Украински суд нареди апсење на Виктор Јанукович

Украински суд донесе одлука и нареди апсење на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, обвинувајќи го за предавство.

Јанукович беше претседател на Украина од февруари 2010 до февруари 2014 година, по што побегна во Русија, со која тесно соработуваше и во време кога беше прв човек на Украина.

Претходно Јанукович беше осуден на 13 години затвор за предавство, поради блиска соработка со рускиот претседател Владимир Путин, од кого побара руската армија и полиција да воспостават ред во Украина.

Овојпат тој е обвинет за предавство поради договорот што го потпиша во 2010 година, а кој беше поврзан со продолжување на руската контрола врз Крим. Договорот е познат како Харковски пакт, што и овозможи на Русија да ја задржи својата Црноморска флота во кримското пристаниште Севастопол. Токму Црноморската флота изврши дел од руската инвазија на Украина од крајот на февруари до денес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Мајката на Данка бришела пораки и повици од телефонот на денот на исчезнувањето на девојчето

Дејан Дејан

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.5 милијарди евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе