Вести Свет Топ вести

Австралија ја менува политиката – приоритет климатските промени

Новоизбраниот австралиски премиер, Ентони Албанезе, утре треба да положи заклетва, по неговата вчерашна победа на парламентарните избори на неговата Лабуристичката партија.

Албанезе на новинарите им соопшти дека утре ќе положи заклетва со уште четворица сопартијци за да ги покрие сите министерски ресори „како привремен аранжман“, додавајќи дека ресорите потоа ќе се поделат од следната недела.

Албанезе (59). кој ќе стане првиот лабуристички премиер од 2013 година, изјави дека веднаш потоа ќе замине за Токио на  средбата, планирана за вторник,  со лидерите на Јапонија, САД и Индија.

-Очигледно, средбата на четворицата лидери е апсолутен приоритет за Австралија, им изјави тој вчера на новинарите во Сиднеј.

„Тоа ни овозможува да испратиме порака до светот дека има промена на власта, ќе има некои промени во политиката, особено за климатските промени“, рече тој, пренесе ДПА.

-Ќе се вратам во Австралија во среда, а потоа ќе се зафатиме со работа, рече Албанезе.

Гласовите се уште се бројат, и нема податоци за тоа дали Лабуристите ќе имаат мнозинство во парламентот. Засега се знае дека им недостигаат уште 4 мандати за мнозинска влада во Парламентот со 151 место. Конечниот резултат ќе се знае за неколку дена, бидејќи допрва треба да се пребрројат три милиони гласови испратени по пошта.

Но, ако треба да се направи малцинска влада, тогаш извесно е дека таа ќе биде со партијата на Зелените и независните кандидати, чија програма е слична, и бараат радикални промени во политиката за климатските промени.

Морисон, цврст поддржувач на индустријата за јаглен, по изборниот пораз најави дека ќе поднесе оставка како лидер на Либералната партија. Неколку часа по затворањето на гласачките места синоќа тој му честиташе на Албанезе и го призна поразот, изјавувајќи дека тоа е „тешка ноќ“ за неговата конзервативна влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со боксови и клоци ја тепал сопругата поради тестамент – се заканил ако не се врати дома до 22 ч., ќе ја запали куќата

Kristina Kuzmanovski

Започнува „меко“ хиперхлорирање во Гостивар – наредната недела се очекува техничка вода

Sonja Petrusevska

Непочитување на препораките во Гостивар носи ризик од појава на Хепатит А и други заболувања, предупредува доктор Кочински од ИЈЗ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе