Вести Македонија

Ќе влезе ли Македонија во резервната варијанта за ЕУ?

Резервната варијанта за Западен Балкан и за партнерите од Истокот, која по францускиот претседател, Макрон, вчера ја најави и претседателот на Европскиот совет, не би требало да ја засега Македонија, убеден е премиерот. Синоќа имал подолг телефонски разговор со францускиот претседател, Макрон, и вели дека тоа се само размислувања и концепти кои сѐ уште не се презентирани пред Европскиот совет.

Но, Шарл Мишел на твитер најави дека ќе предложи пред Европскиот совет, да се одржи конференција за ова прашање по летото. Групата, што тој ја нарекува „европска геополитичка заедница“, би ја сочинувале земјите кои се или кандидати за пристап во блокот, или се стремат да станат такви.

Опозицискиот лидер е категорично против ваква, резервна варијанта за ЕУ.

Идејата за „европска политичка заедница“ за првпат беше промовирана од Макрон пред десет дена, кој рече дека, во неа би се вклучиле и Украина, Молдавија, Грузија, но и Британија која излезе од ЕУ. Изјави дека, ова е неопходно затоа што некои држави нема да можат да влезат во Унијата во следните години, па и децении. Потенцираше дека, „придружувањето на таа заедница, не прејудицира нужно идно членство во ЕУ„. Ниту, пак, „би била затворена за оние кои ја напуштиле Унијата“.

Макрон ја има поддршката од италијанскиот премиер Марио Драги, кој оценува дека, со тоа би била создадена „Европа во две брзини“. И германскиот канцелар, Олаф Шолц, по разговорот со францускиот претседател во Берлин, ова го нарекол „многу интересна идеја, имајќи ги предвид големите предизвици со кои е соочена Унијата“.„Но и укажал дека, таа не смее да го спречи она што е почнато, а тоа се барањата за членство во ЕУ на кои се работи долго со земјите од Западен Балкан.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе