Вести Свет

Андресон: Во темни времиња, одлично е да се биде меѓу пријатели

Зборувајќи во Белата куќа, шведската премиерка Магдалена Андерсон рече дека апликацијата на нејзината земја во НАТО означува „историски момент“ по 200-годишната воена независност на нејзината земја.

Андресон го поздрави „длабокото и долгогодишно пријателство“ со САД и заедничките вредности на демократијата и слободата, но вели дека тие вредности „сега се ставени на тест“.

Ситуацијата во Украина не потсетува „на најтемните денови од европската историја“ и во „мрачни времиња е одлично да се биде меѓу блиски пријатели“, вели таа.

Според Андресон,  НАТО ќе биде посилен со Шведска и Финска како членки.

„Ние сме обезбедувачи на безбедност, со софистицирани одбранбени способности, како и со „долга традиција на обемна воена соработка со НАТО“, рече шведската премиерка.

Шведска со нетрпение очекува брз процес на ратификација, вели таа, и разговара со сите земји-членки на НАТО, вклучително и Турција – која се противи на финското и шведското членство – за да се решат сите прашања.

На истата средба со Бајден во Белата Куќа е и фиснкиот претседател  Саули Ниинисто кој рече дека Финска е подготвена да разговара со Турција за нејзината загриженост во врска со приклучувањето на земјата во НАТО.

Турција, долгогодишна членка на НАТО, вели дека ќе го блокира приклучувањето на Финска и Шведска во алијансата. Нејзиниот претседател Ердоган вели дека тие ги поддржуваат забранетите курдски групи.

Ниинисто директно се осврнува на овие приговори и вели дека Финска целосно ќе се посвети на безбедноста на Турција, доколку и се приклучи на алијансата.

„Го сфаќаме тероризмот сериозно, го осудуваме тероризмот во сите негови форми и активно сме ангажирани во борбата против него“, рече тој.

Ниинисто додава дека „отворени и конструктивни“ дискусии со Турција веќе се во тек и ќе продолжат во наредните денови.

Американскиот претседател Бајден силно ја поддржува кандидатурата на Шведска и Финска за влез во НАТО. Во својот говор тој рече дека двете земји ги исполниле сите барања, а потоа и некои други.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им попречил пат, се заканувал и со нож им исекол гума од автомобилот – постапка против работник кој нападнал газди заради неисплатени дневници

Sasko Dimovski

Откако се скарале, татко без дозвола ѝ го зел 10-месечното бебе на сопругата во Гостивар и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Со боксови и клоци ја тепал сопругата поради тестамент – се заканил ако не се врати дома до 22 ч., ќе ја запали куќата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе