Вести Најважни Свет

Финска и Шведска на чекор до аплицирање за членство во НАТО, за Москва ова е нова закана

Финска без одлагање треба да аплицира за членство во НАТО, порачаа денеска претседателот Саули Нинисто и премиерката Сана Марин. Одлуката, дали Финска официјално ќе побара членство во алијансата ќе биде соопштена во недела, откако претходно ќе биде разгелдана од парламентот. Финска дели 1.300 километри долга граница со Русија, и досега евентуалното членство во НАТО не беше сериозно разгледувано во Хелсински, за да не го антагонизираат својот сосед.

Нема шанси за враќање на статус квото кое го имавме пред 24 февруари. Финската филозофија беше да се обидеме и одржуваме добри односи со Русија. Тоа беше еден дел од нашата безбедносна политика, оценува Хели Хаутала, политичката аналитичарка во Центарот за нова американска безбедност во Вашингтон.

Но, по инвазијата на Украина подршката за членство во алијансата драстично се зголеми.

Силната поддршка на јавноста беше искажана низ опширни анкети. Потоа следуваше темелно разгледување, и одлуки на финските политички партии. Всушност, речиси сите партии веќа имаа одржано состаноци за НАТО прашањето изминативе месеци, изјави финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто.

Покрај Финска, на истиот ден одлука дали да побара членство во НАТО ќе објави и Шведска. Москва веднаш обвини дека потегот претставува закана за Русија, а портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, изјави дека нивниот одговор ќе зависи од начинот на распоредување на новата воена инфраструктура во Финска.

Постојано повторувавме дека проширувањето на НАТО и приближувањето на воената инфраструктура на алијансата кон нашите граници, не го прави светот, а уште поважно и нашиот европски, авроазиски континент, постабилен и побезбеден, обвини песков.

Песков исто така објави дека Путин веќе наредил зајакнување на одбранбените способности на западните руски граници. Но, финскиот претседател негира дека приклучувањето на неговата земја на НАТО, претставува закана за некој, и ја обвини Москва дека со нејзините постапки ја приморала Финска да го направи овој чекор.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На градилиштето каде загина работник немало заштитни мрежи – објектот на Пречистителната станица доби забрана за работа

Дејан Дејан

(Фотогалерија)ЕУ донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Tea Dimkovska

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе