Вести Свет

Бајден го номинира Кристофер Каволи за нов командант на силите на НАТО во Европа

Американскиот претседател Џозеф Бајден го номинираше генералот Кристофер Каволи за нов командант на силите на НАТО во Европа, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

НАТО се согласи со одлуката на Бајден да го назначи Каволи, кој моментално командува со американските копнени сили во Европа и Африка, се наведува во соопштението, додавајќи дека командата за Европа вклучува 100.000 американски и 40.000 сојузнички војници распоредени низ целиот континент.

Каволи е експерт за Евроазија и учесник во војната во Авганистан, а сегашната должност ја презеде во октомври 2020 година, откако командуваше со армијата на САД во Европа од јануари 2018 година.

Доколку неговиот избор биде потврден, Каволи ќе го замени генералот во воздухопловните сили Тод Волтерс како командант на силите на НАТО во Европа, кој ќе се пензионира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе