Врховниот Суд на САД би можел да го укине законското право на абортус на федерално ниво, се наведува во објавеното нацрт мислење на судскиот документ.
Во нацрт мислењето на Врховниот Суд, кое во целосната верзија, на 98 страници, го објави Политико, Судијата Семјуел Алито тврди дека одлуката за случјот Ро против Вејд од 1973-тата година со кое се легализира абортусот ширум Соединетите држави, е целосно погрешно.
Доколку, Врховниот Суд ја укине оваа одлука, со серија закони поврзани со неа, абортусот би можел да биде прогласен за незаконски во најмалку 22 американски сојузни држави.
Судиите нема да ја донесат одлуката се до почетокот на Јули.
Законот за абортус е во фокусот на судот, затоа што ја разгледува жалбата за забраната за прекинување на бременоста по 15-тата недела во Мисисипи, која Судиите ја ислушаа во Декември.
Но, информациите за можното укинување на Роу против Вејд доаѓа во време кога репродуктивните права во Соединетите американски држави се под закана во повеќе американски држави каде на власт се републиканците ширум САД.
Ова е нацрт мислење од Февруари кое можеби веќе е променето, укажуваат луѓето најдобро запознати со работата на американскиот Врховен Суд.
„Документот на Политика кој беше објавен за нацрт ставот вели дека ова е верзија која циркулирала во Февруари и очигледно дека гласовите оттогаш можеби се промениле. Нацрт мислење е токму тоа – нацрт мислење. Тоа може да биде променето. Фразите може да се сменат. Сите тие работи би можеле да се сменат пред судот да објави свое мислење“, изјави Џесика Грешко, судски репортер за АП.
Врховниот Суд на САД не е институција позната по протекување доверливи документи, но објавеното мислење веднаш предизвика протести пред зградата на Судот, како на поддржувачите на репродуктивното право жените, така и на припадниците на десницата кои секој абортус го сметаат за убиство.
Реакциите само ја потврдуваат поларизираноста во американското општество во ова прашање, кое често доминира и во предизборните кампањи. Оваа година инаку е изборна година за дел од мандатите во Сенатот и Претставничкиот дом.
Одлуката за случајот Роу против Вејд, го воспостави преседанот во 1973-тата година со кој жените во Соединетите држави го добија правото на абортус во првите три месеци од бременоста.
Самиот факт дека документот беше објавен му нанесува голема штета и на имиџот на Врховниот Суд на САД , една од најпочитуваните институции во САД, и за очекување е да биде спроведена голема истрага со учество на ЕФ БИ АЈ.
Никола Илиевски
