Судири на полицијата во Истанбул со демонстрантите, уапси најмалку 25 демонстранти кои се обидуваа да стигнат до плоштадот Таксим за прославата на Меѓународниот ден на трудот 1-ви мај. На групата составена членови на од синдикатите и левичарски политички партии им беше оневозможено да стигнат до центарот на Истанбул.
Безбедносните сили се обидоа да ги спречат и новинарите кои се обидуваа да ги снимаат апсењата и ги опколија демонстрантите за што брзо да ги приведат. Од полицијата во Истанбул сè уште нема изјава за вкупниот број приведени демонстранти за време на демонстрациите.
Плоштадот Таксим е значајно место за синдикатите и политичките групи во Турција кои го слават 1-ви мај, бидејќи на него се случи вооружен напад што доведе до смрт на 34 работнички демонстранти во 1977 година, како и масовни антивладини протести во паркот Гези во 2013 година. Пристапот до центарот на градот го блокира полицијата, дозволувајќи само мали церемонии за положување венци за одбележување на Денот на трудот.
