Вести Најважни Свет

Русија ја прекина доставата на рускиот гас за Бугарија и Полска

Рускиот енергетски гигант Газпром ја спроведе денеска заканата дека ќе ја прекине доставата на гасот до Полска и Бугарија заради нивното одбивање да го платат овој енергенс во рубљи.

Реакцијата на Газпром доаѓа откако Рускиот претседател, Владимир Путин, побара од ткн „непријателски“ држави да почнат да го плаќаат гасот кој го купуваат од официјална Москва во рубљи, нешто што и Полска и Бугарија го одбиваа досега.

Барањето на Путин се смета како обид да ја засили позицијата на својата валута, која беше зафатена со Западните санкции. Сите држави кои го купуваат рускиот гас треба да отворат сметки во Газпромбанк на која ќе уплаќаат евра а потоа банката тој износ ќе го претвори во руската валута.

Бугарскиот министер за енергија Александар Николов, изјави дека Бугарија може да ги задоволи потребите на корисниците во својата држава барем уште еден месец а владата на Петков добила најава дека доставата на гасот ќе биде прекината пред само еден ден.

„Бидејќи сите трговски и правни одговори се преземени, очигледно е јасно дека во моментов природниот гас се користи повеќе како политичко и економско оружје во рамки на војната а не како правно –трговски однос. Во правно-трговски односи, Бугарската страна апсолутно нема никакви прекршоци. Бугарија нема да води преговори под притисок и со наведната глава и Бугарија не се продава и не попушта по никоја цена и пред кој и да е друг трговски партнер или трета страна“, изјави Александар Николов, Министер за економија на Бугарија.

Во своето соопштение Газпром, ги предупреди Полска и Бугарија да не преземаат неовластени количини од гасот кој минува низ нивните држави на пат кон други клиенти. Доколку тоа го направат, испораките за транзит ќе се намалат за волуменот на гасот кој овие две држави неовластено би го презеле, тврди Газпром. Ние не сме Русија, одговори бугарскиот министер.

„Во однос на Србија и Унгарија, Бугарија е лојален партнер кон сите соседни држави. Бугарија не е Русија. Кога ќе можеме ние ќе им помагаме на сите соседни држави“, додаде министерот Николов.

Имаме доволно резерви природен гас, порача полската министерска за животна средина, Ана Москва.

„Ние сме ефективно независни од Русија веќе повеќе години а складиштата ни се речиси 80% полни со гас. Нема да има проблем за нашите корисници“, изјави Ана Москва, министерка за животна средина на Полска.

Додека Полска и Бугарија се првите држави во ЕУ кои останаа без рускиот гас, тие не се единствените земји кои одбија да го плаќаат овој енергенс во рубљи

Меѓу земјите кои потврдија дека продолжуваат да примаат нормални количини гас сe: Австрија, која и натаму одбива да го плаќа гасот во евра. Оваа држава речиси 80% од својот гас добива од Русија.

Слично, Германија исто така одбива да го плаќа гасот во рубљи. Единствената земја членка на ЕУ која засега го купува Рускиот гас во рубљи е Унгарија.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе