Поведена е предистражна постапка во Специјалното обвинителство на Бугарија за Државната агенција за национална безбедност, за шпионажа во корист на Руската федерација.
Бугарскиот премиер, Кирил Петков изјави дека руски агенти во Бугарија, работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија
„Она што го истражуваме во моментов на многу места е дека агенцијата работи напорно, има доста голема агентна дијаспора формирана во Бугарија, руска, која моментално гледаме дека работи на многу различни интереси.
Дел од она што веќе ми беше пријавено е дека имаме руски агенти кои работеле против разбирањето меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, а рускиот интерес е насочен кон тоа да нема европска иднина за Западен Балкан“ – изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков.
Бугарскиот претседател, Румен Радев, со став дека националната агенција за безбедност, како што вели, имала здрав имунолошки систем и таму активно се работело да се спречи пробив на некакви шпиунски активности.
Ова е втор ваков скандал за еден месец во Бугарија.
На втори март, бугарското контра-разузнавање откри резервен генерал кој шпионирал за Кремљ.
Како одговор, бугарските власти протераа двајца руски дипломати.
