Вести Македонија

Расте бројот на жртви од трговијата со луѓе

Ниту пандемијата со Ковид-19 не ја запре трговијата со луѓе, туку напротив се зголеми бројот на жртви и лица изложени на ризик. Жените и девојчињата се особено жртви на ова модерно ропство, велат експертите.

Согласно последните статистички податоци од Меѓународната организација на трудот повеќе од 40 милиони луѓе се наоѓааат во модерно ропство од кои 25 милиони се присилени да работат во меѓународните синџири. Трговијата диспропорционално влијае на жените и децата. Канцеларијата на ОН за дрога и криминал проценува дека 7 0д сите 10 жртви кои ќе се откријат на глобално ниво се жени и девојчиња, една третина од нив се деца, вели Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

————————————-

На порастот на трговијата со луѓе особено влијаат јавните и приватните синџири на снабдување, аутсорсингот на стоки и услуги како еден од начините на кој компаниите ги намалуваат трошоците за производство. Ова остава простор, особено оние со глобален синџир на снабдување да бидат изложени на ризик, да придонесуваат за практики на трговија со луѓе со цел  принудна работа и злоупотребата на детскиот труд во различни сектори, вели министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Загрижува фактот што трудовата експлотација го зазема првото место.

Од минатата година во РС. Македонија  драстично е зголемен бројот на откриени жртви 48 од кои 39 се идентификувани како жртви на  трудова експлоатација, така што трудовата експлоатација започнува да го завзема првото место, по однос на бројот на идентификувани жртви на трговија со луѓе, вели Магдалена Несторовска, Национална координаторка  за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

Според Несторовска токму угостителската индустрија е една од областите која е многу ранлива за трговијата со луѓе, особено кога станува збор за сексуалната експлоатација, присилна проституција, слугување и принудна работа во хотелиерството.

Нина Стефанова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе