Сите набавки во министертсвото за одбрана ќе одат преку интерен електронски систем со што ќе се намали можноста за корупција, а истовремено полесно ќе се следи дали опремата е навремно и точно испорачана и дали има потреба од евентуална нова набавка.
Системот ќе ги зачувува сите завршени постапки а ќе функционира на стандардизирани документи компатибилни со Бирото за јавни набавки.
Македонија има важна улога во градењето на капацитетите за одбрана во рамките на Алијанста и затоа е клучно процесот на развој на структурите и капацитетите на АРМ и Генералштабот да имаат континуитет.
Апликацијата ја изработи Центарот за управување со промени во соработка со Министерството за одбрана и Генералштабот а е поддржан од Британската амбасада.
Огнен Чанчаревиќ
