Вести Македонија

Кацарска: Често се случува да имаме очигледен криминал, а не се покренуваат постапки за тоа

Секоја институција има свои надлежности, едни на обвинителството, судот, правобранителство и на крај Агенциајта за управување со запленет имот, вели претседателката на уставниот суд, Добрила Кацарска во Топ Тема, коментирајќи го случајот Трансмет, и неконфискацијата на имотот од 17,5 милиони евра, Кацарска иако се оградува, вели дека често се случува криминал, а не се покренуваат постапки за тоа.

  • Судот мора да провери се пред да донесе одлука, верувам дека го направил тоа. Основно е дека тука некаде се направени крупни малверзации, понатаму секоја институција треба постапуав и има елементи за кривично гонење. Кој е тој кој дава гаранција на имот за да излезе од притвор, а притоа истиот го нуди? Но не можам да давам конкретни одговори и да кажам за предмети кои не сум ги работела. Често се случува да имаме очигледен криминал, а не се покренуваат постапки за тоа, вели Кацарска.

Секогаш може да се најде празина во закон, ниту еден закон не е идеален, но битно е да судот биде мудар и благовремено настапува таму каде што треба да настапува, дали со известувања до катастар и сл. Задолжитено да се води многу сметка и да се посветува многу внимание. Во тој вид на криминал основно е да се подмири штетата што е сторена на државата, тие пари се на граѓаните, и не може да осудите некој, а казната да не е наплатена, смета претседателката на Уставниот суд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе