Вести Македонија Топ тема

Кацарска: Северна Македонија е меѓу ретките држави без „уставна тужба“

Северна Македонија е меѓу ретките држави каде што не постои можноста за „уставна тужба“, изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во вечерашното интервју во емисијата Топ Тема , додавајќи дека поради ова Судот не може да постапува за прашања од животна средина, освен кога ги разгледува Деталните урбанистички планови (ДУП) на општините.

– Ние веќе имаме поведено постапки и имаме укинато одлуки на општините таму каде што не се запазува постапката за животна средина. Тоа се нашите надлежности. Но, за жал ние сме можеби единствената земја која што немаме „уставна тужба” или некаде ја нарекуваат уставна жалба. Кога тоа би било вметнато во Уставот и ние би имале таква надлежност би одлучувале за сите права на граѓаните. За жал тука сме веќе немоќни да направиме нешто повеќе од нашата реакција во ДУП-овите на општините, изјави Кацарска.

Таа воедно ја објасни и актуелната надлежност на уставните судии, посочувајќи дека надлежноста за слободите и правата на граѓаните ја црпат од членот 110, алинеја 3 од Уставот. За овој дел таа наведе дека се ограничени и не можат да постапуваат за сите слободи и права на граѓаните.

– Затоа во Уставниот суд направивме нов акт, наместо Деловникот кој што е од 1992 година, бараме начин како можеме, а да не го прекршиме Уставот, а во интерес на граѓаните да можеме да постапуваме и за повеќе слободи и права од она што е предвидено во членот 110. Има консултации со експерти, професори и чекаме да се пополни бројот на судии и ќе видиме што можеме ние да направиме во интерес на граѓаните, истакна Кацарска.

Според Кацарска, воведувањето на „уставната тужба“ фактички ќе значи многу повеќе работа за Уставниот суд.

– Но, не сме битни ние како ќе се екипираме, битно е дека Уставниот суд ќе биде последна инстанца пред граѓаните да се обратат пред Судот во Стразбур. Со самото тоа и државата добива. Ние да одлучиме, па макар и во пет предмети кој што нема да одат пред Судот во Стразбур, е во интерес и на самата држава, а пред се на граѓаните, рече Кацарска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Проширувањето на ЕУ треба да се заснова на рамнотежа на геополитичката волја и заслугите на кандидатите

Дејан Дејан

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Дејан Дејан

Мицкоски за обвинението за спортските ваучери: Ова е само мал дел, по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало изминатите 6 и половина години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе