Вести Македонија Топ вести

ФОТО: Во Нерези се запали автобус на ЈСП

ФОТО: Курир

Неколку минути пред пладне денеска во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета, информираат од ЈСП – Скопје.

Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници. Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што од изјавата на возачот и сведоци, констатира дека пожарот избувнал во делот каде што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета, велат од ЈСП и додаваат дека возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало и едно противпожарно возило.

Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот, посочија од ЈСП.

ФОТО: Курир

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе