Вести Македонија

Кој дозволи децата од Кочани да пошумуваат со маици на „Пејпер мил“?

Граѓанските активисти и родителите на ученици од кочанските училишта деновиве остро реагираат и  бараат одговори кој дозволи ученици со логото на „Пејпар мил“ да пошумуваат за Денот на пролетта.

Според нив некој ги злопупотребил учениците и на овој начин е  испратена порака за подршка на  фабриката која според нив е еден од најголемите загадувачи на воздухот и против која неколку  години протестираат.

И детската амбасада  „Меѓаши“ реагираше, побара децата да не се злоупотребуваат.

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов вели дека тие не биле главни организатори на пошумувањето.

„Пејпар мил“ ги донирале садниците на Македонски шуми, а општината била логистичка подршка.

„Ние не ги потикнавме од „Пејпар мил“ да ги донираат ниту садниците ниту мајците. Ние како општина целосно ги подржуваме напорите да се реши проблемот со загадувањето. Иако вистинските адреси се Министерството за живиотна средина и инспекторатот ние како локална самоуправа ќе учествуваме во секоја иницијаива да се најде решение“, вели Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Активистите почнаа и со  собрање на потписи и преку оваа  иницијатива ќе побараат подршка од амбасадите во земјава  за решавање на проблемот со аерозагадувањето.

Тие бараат ревидирање на А интегрираната еколошка дозвола, нови мерни станици  и пречистителна станица за отпадните води на фабриката да почне со функционирање.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе