Вести Македонија Топ вести

Се барало дисциплинска и за Вилма Русковска, членовите на Советот на ЈО се чувствувале повредени од изјавите на обвинителката

Советот на јавни обвинители зад затворени врати ги преслушувал изјавите на Вилма Русковска, обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, но записникот од седницата го објави на својата веб страна. Замени претседателот Арбер Исаку се чувствуа повредено што русковска за медиумите кажала дека нејзиното обвинителство функционира многу тешко и дека е оставена само со пет јавни обвинители.

  • Член на Советот истакна дека за прв пат ја слуша интегрално изјавата. Смета дека оваа изјава е неоснована и недолична со која се нарушува угледот на Советот. Воедно смета дека со ваквата изјава ОЈО на ОЈО ГОКК го има повредено начелото на професионализам според Етичкиот кодекс, кој што е еден од основните начела. Смета дека сутуацијата треба да се реши на интерен начин и Јавниот обвинител на РСМ да и обрне внимание во иднина да внимава при давање на изјави.

 Според друг член на  Советот, Русковска и порано излегувала во јавноста со недолични изјави, и набројал неколку случаи за недоличното однесување. Ова било бил непрофесионално, покажување на моќ и сила а изјавата била невистинита со што прашал дали може да и се поведе дисциплинска постапка но и некоја друга мерка. За државниот обвинител Љубомир Јовески изјавите се избрзани и несвесно кажани но дека веќе е разгварано на оваа тема

  • Воедно кажа дека прв пат ја има слушнато изјавата и кажа дека во делот на бројките нема неточности кои са кажани во изјавата. Истакна дека смета зборот “ме оставија” дека можело да се кажа дека јавното обвинителство било оставено без пет јавни обвинители но се сложи дека изјавата е избрзана и смета дека не е тендециозна спрема Советот.

 Инаку советот на јавни обвинители е еден од најзатворените за јавност институции, а овој пат бара да се спречи давање изјави од страна на Русковска. Претходно донесе кодекс со кој забрани сите обвинители без одобрение од советот да не смеат да дадат изјава. во меѓувреме не беа избрани нови обвинители за гонење организиран криминал и корупција освен што се потврдија мандатите на петтемина кои сега работат во обвинителството. Телма контактираше со Русковска која вели дека нема коментар на ваквите тврдења на членовите на советот за јавни обвинители.

Инаку Дисциплинска постапка е отворена за скопски обвинител кој не ги работел предметите кои му биле доверени. Државниот обвинител Љубомир Јовески одлучил дека истиот обвинител привремено ќе мирува се додека не заврши постапката. Било констатирано дека јавниот обвинител не работел на предметите кои му биле дадени па дел и застареле. Отворени се и други четири постапки против обвинители од внатрешноста.

За тетовски обвинител е донесено решение за оддалечување од функцијата, на обвинител од  Битола му е скусена платат за 20% четири месеци, во Ресен му е намалена плата на обвинител за 30 проценти, четири месеци, додека една постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид е во тек.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе