Вести Македонија Топ вести

Жител на Леуново сексуално експлоатирал Русинки, Украинки и Србинки

Цела година во кафеана во Гостивар жени од Русија, Украина и Србија биле сексуално злоупотребувани и се тргувало со нив. Полицијата поднесе кривична пријава против 52 годишниот Н.Р. сопственик на угостителскиот објект каде всушност и се вршела експлоатацијата, но и во други објекти во Гостивар и Тетово.

„Пријавениот, во периодот од средината на март минатата година, па сè до 20 март оваа година во угостителски објект на подрачје на Гостивар со кој управувал, подолг временски период со употреба на сила и закана, како и со злоупотреба на својата положба, подведувал на вршење проституција повеќе женски лица, наши и државјанки на Русија, Украина, Србија, за одреден паричен надоместок.Тие биле и трудово експлоатирани, со што стекнал за себе противправна материјална корист.“, се вели во соопштението на МВР.

Полицијата направила претрес во угостителскиот објект и во деловни простории кои ги користи угостителскиот објект во Гостивар во село Добри Дол. Бил затекнат газдата и три странски државјанки од Србија и една наша државјанка, како и шестмина гости во објектот. На сопственикот му е мерка притвор во траење од 30 дена Тој е од селото Леуново, Општина Маврово и Ростуше, со престој во Добри Дол, гостиварско, и сега се гони за сторено кривично дело „трговија со луѓе“.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе