Вести Македонија Топ вести

Мали општини во криза – ЗЕЛС чека помош од владата за сметките за струја и набавките на енергенси

Собирањето смет, превозот на ученици, сметките за струја. Ова се само дел од  услугите на граѓаните кои ќе се загрозат во малите општини ако владата финасии не го ублажи ценовниот шок на струјата и енергенсите реагира претседателката на ЗЕЛС, Данела Арсовска која во име на општините бара средба со премиерот.

Едно возење повеќе локации со контејнери. Скопски комуналец се снашле како да заштедат нафта а да не го остават градот затрупан во смет. Но не уште долго ако владата не помогне финансиски на градот и јавните претпријатија за да се ублажи поскапнувањето на енергенсите.

Скопје трпи, вели градоначалничката Арсовска но посочи дека малите општини кои се дел од ЗЕЛС веќе најавиле криза со сметките за струја и гаснење на светлата во административните згради. Проблемот е адресиран и до владата а по три месеци неделава ќе се седне на маса за истите проблеми.

Дел од проектите ветени на изборите ланската есен запираат само на кратко додека не се надмине ценовниот шок на енергенсите највија некои градоначалници, но од владечката партија обвинија дека општините наместо да ги пренаменат парите, градоначланиците вработуваат партиски кадар и трошат за непторебни јавни набавки. Владата им порача да се откажат од проекти и да ги пренаменат парите за најважните трошоци.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе