Вести Македонија

И 15 години не го излекуваа белодробното крило на Битола од еколошка катастрофа

Ни оваа пролет ридот Кркардаш над Битола нема да мириса на багрем. Некогашното белодробно крило на градот и 15 години по големиот пожар, не може да се опорави од еколошката катастрофа. Наместо густата борова и багремова шума остана пуста ледина со грмушки и трња.

Корен тешко фаќаат и дрвцата што екологистите ги садеа изминатите години  зашто ридот го зафаќа пожар скоро секое лето. Деградираната шумска површина стана дива депонија. Жители од околна населба тука се ослободуваат од сметот создавајќи ѓубриште кое зафајќа стотици метри.

„Порано имаше шумари и не пуштаа луѓе да се искачуваат погоре од каналот. Откако се изгуби тоа,  почнаа да палат, да фрлаат смет во природа. Два- три пати  го запалија ридот. Надлежните направија канал да не оди водата во градот, а несовесни лица фрлаат ѓубре во него. Го загадија цел рид“

„20 до 30 проценти се зафатени дрвца од пошумувањето, тоа е малку, не е цело пошумено“, коментираат битолчани.

Јавното претпријатие „Комуналец“ деновиве ги исчисти дивите депонии на Кркардаш во пресрет на 21 март, Денот на екологијата и патрониот празник на манастирот 40 маченици. Надлежните велат дека за два дена подигнале 250 метри кубни смет.  Работниците кои ги затекнавме како ја чистат депонијата рекоа дека секоја година го подигаат сметот, но за кратко време повторно ја затекнуваат истата слика.

Досега нема казни за граѓани кои се ослободиле од ѓубрето на ридот. За пожарите пак, пред 11 години беа осомничени само три момчиња, од кои две малолетни дека палејќи отпад предизвикаа голем пожар. Нема информации дека некој завршил во затвор за палење на ридот.

Во  2007 година  изгореа 200 хектари шума на Кркардаш, а истата катастрофа се повтори и во 2011-та. Во големите пожари кои проголтаа 1000 хектари шумска површина во Битолско имаше една жртва, а тројца пожарникари се затруја со чад. Додека беснееја пламените јазици во ромската населба која беше зафатена од огнот се роди и женско бебе.  Ѝ дадоа име Пламенка. Таа денес е млада девојка  но годините не успеаја да ја подмладат и шумата на Кркардаш.

Жанета Здравковска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе