Вести Македонија

Пендаровски го помилува Алими, осуден за настаните од 27 април

На списокот помилувани осуденици од претседателот Пендаровски е и Абдулфета Алими, член на Обезбедувањето на Собранието кој беше осуден за настаните од 27 април, а за кого претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села сведочеше дека му го спасил животот, ноќта кога беше претепан до непрепознатливост.

Алими е осуден на 6 години казна затвор. Тој за време на судењето рече дека постапил според наредбите на хиерархијата. Според Кабинетот на претседателот, помилувањата се спроведени согласно законска процедура, а сите лица кои се помилувани ги исполнуваат условите за такво нешто.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе