Вести Македонија Топ вести

Ќе има бегалци додека не престане режимот на Путин, вели украинската амбасадорка Задоружњук

Со информации за нови бомбардирања и жртви во татковината, украинската амбасадорка Наталија Задоружњук стигна на пунктот на Црвениот крст каде се собира хуманитарна помош за Украина. Како дипломат се надева на дипломатско решение, иако вели дека вистински преговори се уште не почнале. Се заблагодари и за дипломатската поддршка и за хуманитарната помош од Македонија, но оцени дека идните борби ќе носат и многу нови бегалци.

Во Македонија досега се пристигнати 51 украински бегалец, кои се сместени кај роднини и пријатели. Државата се подготвува и за нови бегалци, а министерот Османи уверува дека никој нема да биде вратен.

Хигиенски пакети веќе се подготвени за пат кон Украина, а досега граѓаните донирале над 2,7 милиони денари. Од Црвениот крст велат најпотребно на украинците сега им е храна и хигиена.

Во хуманитарната акција се вклучени и сите 4 стопански комори кои преку своите членки-компании ќе обезбедуваат помош врз основа на потребите на луѓето во завојуваната и разурната Украина.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе