Вести Македонија Топ вести

Обвинителот Пеливанов: Направиле хуманитарна организација која Боки 13 ја злоупотребил и треба да биде осуден, одбраната бара слобода

Обвинетите формирале навидум хуманитарно здружение, а организацијата се претворила во нешто друго. Целта на крај останала да се стекне со лична корист обвинетиот Бојан Јовановски, ќе наведе на самиот почеток обвинителот Трајче Пеливанов на завршните зборови за предметот ,,Меѓународен сојуз“. Неговата одбрана тврди дека судот треба да го ослободи. Обвинението не е докажано, а бизнисмените давале пари за свој интерес а не во измама. Боки 13 не даде завршни зборови бидејќи немал доволно време да ги подготви.

Но, се започнало со една идеја за домови за стари лица. Формирал хуманитарна организација па ја претворил во криминална организација за да се богати. И затоа Бојан Јовановски викан Боки 13 треба да оди во затвор, но виновни се и неговите помошници, соработници, неговиот татко тврди одново на крајот од процесот обвинителот Трајче Пеливанов.

Боки 13 без приговори и бурни реакции го ислуша обвинителот. Одби да даде свое видување бидејчи немал врме да се подготви. Но, затоа се подготвил неговиот адвокат кој на почетокот од излагањето ги запраша присутните.

Оштетени се бизнисмени од Битола и Струга кои според обвинението добиле бизнис понуди и платиле 700 и 200 илјади евра. Парите од лична сметка ги вадела пензионерката Лиљана Тодоровска а целиот план го осмислил Јовановски и парите завршиле во негов џеб. Но, без помош немал да успее тврди обвинителот навраќајки се на обвинението и понудените докази кон судот. Освен Бојан Јовановски неговата помошничка, правното лице „Меѓународен сојуз“ со затворски казни се соочуват и проанешната пратеничка Фросина Ременски и тактко за Јовановски.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе