Вести Свет

ВИДЕО: Ова е моментот кога ракетата удри во облакодер во Киев

На социјалните мрежи се појави видео кое го прикажува моментот кога облакодер во Киев беше погоден од ракета.

Утрово во киевскиот кварт Шевченковски е погодена 12-катна станбена зграда, а најмалку две лица се повредени.

 

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека добиле повик во 6:16 часот и дека делови од граната паднале во зградата. Тие наведуваат дека се урнал горниот кат и дека е оштетена 9-катница во населбата.

Службата за итни случаи наведува дека во погодената зграда избувнал пожар, но дека бил изгаснат за половина час.

Според досегашните информации две лица се повредени, а 37 се евакуирани од зградата. Потрагата по уште потенцијални жртви продолжува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе