Американската полиција уапси маж обвинет за напад врз бездомници во Њујорк и Вашингтон.
Полицијата го објави апсењето на Џералд Бревард, 30-годишен осомничен со историја на ментална болест и криминално досие, во Вашингтон.
Бревард, жител на Вашингтон, е обвинет за убиство од прв степен, напад со намера да убие и напад со опасно оружје во врска со нападите врз бездомниците во Вашингтон.
Бревард се соочува и со дополнителни обвиненија за пукањето на бездомниците во Њујорк.
Во вооружените напади што се случија меѓу 3 и 12 март, загинаа 2 лица, а 3 беа повредени. Три од нападите се случија во Вашингтон и два во Њујорк.
Полицијата соопшти дека причината за инцидентот се уште не е утврдена.
