Вести Македонија Топ вести

Оспорена одлуката пред Уставен суд за изградба на бензинска пумпа на Пуцко Петрол кај Александар Палас

Пред Уставниот суд е оспорена одлуката за изградба на бензинска пумпа на компанијата Пуцко Петрол кај хотелот Александар Палас. Одлуката ја оспори скопјанката Наташа Шурбановска по изгласаниот ДУП за градската четврт З 04 од Советот на Општина Карпош. Таа предлага времена мерка забрана за градба на објектот до донесување на конечната одлука на Уставен, велат од оттаму. Но постапката може да трае еден месец.

Иницијативата е поднесена минатата недела. Формиран е предмет , даден на работа кај судија и советник да спремаат реферат, велат од Уставен.

Градоначалникот Јакимовски вели дела оспорената одлука е во корист на Пуцко Петрол зашто ако не се изгласал дуп-от и не се гради бензинската пумпа на локацијата спроти базенот „ Младост“ ,  општината треба да му плати отштета од 15 милиони евра.  Тој обвинува за тргување со влијание кај советниците од Левица.

На Комисија беше гласано планот да се гласа. Кој е тој што на советниците од Левица половина час пред почнување на седницата им даде наредба да не го гласаат планот. Дали тој извршил или не извршил притисок? Или тргувал со влијание? прашува градоначалникот Јакимовски.

ДУП-от не го гласаа од Левица. Претседателот на Советот на Општина Карпош од оваа партија , вели дека изградбата на бензинска веќе еднаш била одбиена од надлежните.

Министерството еднашка го одбило Пуцко Петрол за бензинска зашто била на трасата за гасовод. Како тоа било вцртано, знаејќи дека има траса, па после тоа проаѓа, па не проаѓа. Има многу нејаснотии. И ние едноставно како партија не сакаме да даваме подршка на такви работи, вели претседателот на Советот на Општина Карпош.

ДУП за градската четврт кај „ Александар Палас“, го изгласаа советниците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ, а не го гласаа ни советниците од „ Независни за Карпош “ . Од таму рекоа дека биле соочени со закани за кривично гонење од Државниот правобранител дококу не се изгласа ДУП-от, за општината да не плаќа милионска оштета на Пуцко Петрол, кој го купил државното земјиште во 2016 година, пред донесувањето на ДУП-от, кој во 2018 е укинат од Уставен. А, советниците не успеале да добијат информации дека случајот бил на суд.

Добивме некои информации дека се работи за загубена добивка од 20 години , како да работи таму бензинска станица. Каде е случајот, во кој суд бил. Бил повторно вратен , обжален. Значи никакви информации. Само слушавме дека еве само што не стигнала пресудата и Карпош ќе биде блокиран, вели Невена Георгиевска, советничка од Независни за Карпош.

Повеќе бензински пумпи наоколу, изградбата на нова од Пуцко Петрол во  третата заштитената зона и гасоводната траса во близина, се причини зошто Левица и Независни за Карпош не го гласаа спорниот ДУП.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе