Вести Свет Топ вести

Зеленски: Ги поканувам сите пријатели на Украина да го посетат Киев, иако овде е опасно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм ги покани сите пријатели на Украина да го посетат Киев, иако тоа е опасно со оглед на тоа што НАТО не прогласи зона на забранети летови над Украина.

„Ги поканувам сите пријатели на Украина да го посетат Киев. Овде може да биде опасно бидејќи нашето небо се уште не е затворено за руски ракети и авиони. Одлуката да го зајакнеме нашиот арсенал во воздухот сè уште не е донесена. Не добивме авиони. Но, очите на сите луѓе сега се насочени кон нашиот главен град, кон Украинците. Секој што е сега со нас ќе почувствува благодарност. Не само нашата, туку и благодарноста на другите народи“, рече Зеленски на Телеграм.

Тој во Киев се сретна со премиерите на Полска, Чешка и Словенија

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија пристигнаа во Киев вчера за да му покажат поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ги информираше за текот на војната со Русија по инвазијата на неговата земја на 24 февруари.

Матеуш Моравјецки, Петер Фиала и Јанез Јанша, кои во главниот град на Украина пристигнаа со воз, се првите странски лидери кои го посетија Киев од почетокот на руската инвазија.

„Вашата посета на Киев во ова тешко време за Украина е силен знак за поддршка. Тоа навистина многу ни значи“, напиша Зеленски на интернет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе