Вести Свет

Вучиќ за леталото што се урна на Загреб: Хрватска има извонредна армија, но …

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера уште еднаш го коментираше случајот со военото беспилотно летало што во четвртокот вечерта се урна врз Загреб.

Вучиќ повтори дека верува оти воздухопловните сили и воздушната одбрана на војската на Србија ќе го собореле леталото.

„Некои немаат со што да го урнат, ние имаме магии. Имаме ракети воздух-воздух, но и ракети воздух-земја за МиГ 24. Секој ден и секоја ноќ имаме „воздушна полиција“ на нашето небо за да реагира на нешто што може на кој било начин да ги загрози нашите граѓани“, рече тој.

Тој тогаш потврди дека Хрватска има извонредна копнена војска: „Во оклопни возила се многу подобри од нас, но моментално се послаби во воздухопловството и противвоздушната одбрана, поради што купија 12 фантастични авиони Рафал“, изјави српскиот претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе