Ване Цветанов е разрешен од функцијата директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, информираат за Телма владини извори. Освен незадоволство од неговата работа, за разрешувањето влијаел и скандалот со неговата сопруга Дунавка, која ја ангажирал волонтерски да му помага, бидејќи само во нејзе имал доверба. Цветанов тогаш потенцираше дека за ангажманот не ја плаќа ниту денар.
На чело на оваа институција беше поставен од екс-премиерот Заев во 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Цветанов беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случакјот „Шпион“, во октомври 2014 осуден на 3 години затвор, а Апелациониот суд во октомври 2016 ја намали на условна казна затвор од 2 години.
