Вести Најважни Свет

Руско-украинските преговори продолжуваат, но Русија не го намалува интензитетот со бомбите

Видео врската е единствениот начин да продолжат украинско – руските преговори за прекин на огнот. Уништената инфраструктура и постојаните гранатирања, ги натера преговарачите викендов средбата да ја одржат преку видео линк, но за првта и двете страни велат дека има прогрес. Разговорите продолжуваат и денеска, а според украинска страна, Москва станува поконтруктивна, повеќе не поставува црвени линии и не бараат капитулација од Украина. Сепак, Киев останува на првото барање – да престане бомбардирањето, а за политичкиот однос со Москва ќе се разговара кога се ќе се смири.

Во оваа борба, во овие тешки преговори разговори, нашата цел е да добиеме резултат кој и е потребен на Украина. Неопходно ни е да имаме мир и безбедност, нормални гаранции за работа, а не како мемрандумот од Будимпешта, не како што е сега нашето небо. Гаранциите треба да се во формат за Украинците да можат да кажат: функционираат, тоа се гаранциите, вели украинскиот претседател Влодомир Зеленски.

Додека се водат преговорите, русите гранатираат без намален интензитет. Киев утринава повторно бомбардиран. Погодена е станбена зграда, одеднаш уништени неколку ката, а не беше поштедена уште една фабрика. Двајца луѓе загинаа, 12 беа повредени. Вториот по големина град Харков е речиси срамнет со земја..нови бомби врз цивилните објекти беа фрлени и синоќа…Градот веќе не функционира.

Во некои квартови веќе нема згради. Градот е речиси уништен. Не можеме повеќе да останеме таму со деца, не можеме ни да излеземе надвор да купиме леб или храна. Многу е страшно. Многу луѓе останаа без место за живеење. Некои зградите беа бомбардирани, а становите се целосно уништени, рече Татиана Лукаш, бегалка од Харков.

Оние кои нема каде да одат, останаа во подземната железница. Вознемирени и исплашени се обидуваат солзите да ги задржат. Под земја живеат веќе 15 дена.

Не сум нацист, не сум националист, без оглед дали се Кинези или Евреи. Како можеа ова да ни го направат, иако политичарите велат дека Украинците не се нација? Кои сме тогаш? Што сме?, рече Јевгениа, жителка на Харков.

Но, најбруталниот напад се уште е гранатирањето на детската болница и породилиштето во Мариупол. Од трите повредени бремени жени, едната која беше со искшена карлица не го издржа шокот.

Додека се обидувавме да ја спасиме и третираме од шокот, направивме царски рез, и извадивме безживотно бебе. По 30 минути реанимација не даде резултати. По 30 минути реанимација и на мајката, и тоа не даде резултати. Двајцата починаа, вели хуругот кој ја оперирал бремената жена, Тимур Марин.

Од почетокот на руската инвазија убиени се 90 деца, а повеќе од сто се ранети. Конечните податоци допрва ќе се објавуваат бидејќи е невозможно да се направи увид на места каде во тек се интензивно воени дејствија.

Од Москва сооштија дека руските сили напредувале 11 километри во украинската тероторија. Но според американските разузнавачи побарале воена помош од Кина, иако кинеската амбасада во Вашинготн вели дека не е запознаена со вакви барања.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг и Вучиќ потпишаа изјава за стратешко партнерство на земјите

Дејан Дејан

МВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти

Дејан Дејан

ОБСЕ: Изборите ги набљудуваме, а оценката ќе ја соопштиме утре

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе