Вести Македонија

Жителите на Луковица со години чекаат да добијат асфалтен пат

Децениската мака ги натера жителите на Луковица сами да започнат иницијатива патот до селото од 5,5 км да се асфалира и трипати направиле проектна документација за реконструкција со нивни средства. Последниот проект во 2020 година го доставиле до Општина Желино, но се уште нема негова реализација, а одговорноста меѓу себе ја префрлаат Општината и Министерството за транспорт и врски.

Градоначалникот Блерим Сејдуи, вели дека се уште чека одговор од ресорното Министерство.

Од Министерството за транспорт и врски, пак, не информираа дека Општината доставила 6 проекти за реконструкција на локални патишта и улици, меѓу кои и за Луковица.

  • Вредноста на сите доставени проекти ги надминува средствата од 742,449.00 евра што се обезбедени од Министерството за општина Желино и затоа побарано е од општината да се произнесе кои се приоритетни проекти за да може да се финансираат во рамки на нејзиниот буџет.  До овој момент, општина Желино се нема произнесено и поради таа причина се уште не се вклучени во јавните повици што ги објавува Министерството за транспорт и врски.

Одобрените средства се во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта кој е финансиран од заем од Светска банка.

  • За да го добие грантот од ниво на централна власт, општината треба да предложи интервенции на патишта и да подготви проекти и овие треба да бидат одобрени од Министерството за транспорт и врски. Кога обемот на поднесените подпроекти е поголем од расположливиот буџет, Министерството ќе даде приоритет на оние со најголема корист за општината. Според нашите сознанија, овој процес на приоритизација допрва треба да се случи за општина Желино- Светска банка.

 Инаку во Луковица има 75 куќи, речиси 100 домаќинства, постојани жители и викндаши.

Тетовска Луковица се наоѓа на 930 метри надморска височина, сместена на падините на Сува Гора.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе