Вести Свет Топ вести

ВИДЕО: Напад врз новинарска екипа во Киев, снимателот погоден со два куршуми во панцир, но продолжил да снима

Екипа на британската телевизија Скајњус успеала да се спаси по заседа во Киев во понеделникот, објави нивната медиумска куќа.

Новинарот Стјуарт Ремзи и новинарската екипа се движеле со автомобил кога според Скајњус руски саботери почнале да пукаат кон нив.

Снимателот Ричи Моклер бил погоден со два куршуми во панцирот. И покрај се, Моклер продолжил да снима и го регистрирал целиот напад.

На снимките се слушаат рафалите упатени кон новинарите, крикот на погодениот снимател, се гледаат искри од куршумите кои го решетаат автомобилот на новинарската екипа и нивните повици на руски дека се журналисти (новинари).

ТВ екипата успеала да се засолни во една фабрика, по што украинската полиција ги извлекла од заседата.

Тимот на Скајњус подоцна е евакуиран во Британија, а снимките сведочат за воениот напад врз известувачите од терен во Украина после руската инвазија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Kristina Kuzmanovski

Косовски државјанин со возило влечеше цариник на Блаце и побегна – уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе