Маски, шаренила, забава под друго лице. Вака е деновиве во Струмица, кога градот го живее карневалското расположение по две години пауза. Настаните траат веќе три дена, со предавањето на клучот на градот на карневалџиите.
Синоќа се одржа големиот маскенбал каде се избраа и принцот и принцезата кои вечерва ќе го отворат главното дефиле.
За општината и организациониот одбор, маскенбалот е еден од најсилните симболи на карневалот и добро е што традицијата продолжува иако во специфични услови.
Вечерва е главното карневалско дефиле, каде ќе се види сета креативност и раскош на маските на струмичките карневалски групи, кои со години се едни од најатрактивните но и најинвентивните.
Сузана Мицева
